Барти не го пушта врвот, Халеп напредуваше за три позиции


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Австралиската тенисерка Ешли Барти остана на првото место на ВТА-листата и покрај поразот во осминафиналето на Вимблдон, додека важен напредок забележа Симона Халеп, која го освои Вимблдон.

Барти остана првопласирана со 6.605 бодови, а по неа следуваат Наоми Осака со 6.257 бода и Каролина Плишкова со 6.055, кои немаа поголем успех.

Халеп напредуваше на најновата листа за три позиции, откако во претходните две недели освои 1.870 бодови, па сега се наоѓа на четвртата позиција.

По неа, на петтото место, следуваше Кики Бертенс, а по неа се Петра Квитова, Елина Свитолина, СЛоун Стивенс, Серена Вилијамс и Арина Сабаленка.

Да потсетиме, Халеп славеше убедливо со 6-2 и 6-2 против Вилијамс во финалето на Вимблдон.