Бартомеу му остави голема замка на Лапорта со луди клаузули во договорите


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона во моментов се бори за титулата во Ла Лига, но се соочува и со големи финансиски проблеми, кои ќе мора наскоро да ги реши новиот претседател Жоан Лапорта.

Лапорта пристигна на претседателското место по 10 години пауза, каде што го замени Жозеп Марија Бартомеу, кој го уништи клубот и неговите финансии.

Бартомеу беше лут и разочаран минатото лето, кога сите му го свртеа грбот по очајните резултати, а дури и Лионел Меси побара да замине од клубот, но по неколку скандалозни одлуки реши да се повлече.

Меѓутоа, пред самото заминување му удри нова „шлаканица“ на клубот, кој ќе мора да исплати награди од 70 милиони евра на фудбалерите кои се согласија на помали плати минатата година поради пандемијата на ковид-19.