Бартомеу не е повеќе претседател на Барселона: Му се закануваа на моето семејство!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Жозеп Марија Бартомеу денеска си поднесе оставка од претседателската функција во Барселона, откако доживеа голем притисок поради лошите резултати на клубот.

Бартомеу истакна дека му било чест што раководел со каталонскиот гигант, но жали што не ги завршил започнатите процеси.

„Ми беше чест да му служам на клубот. Заминуваме без да ги завршиме економските процеси што се во тек, сето тоа ќе има сериозни последици. Бевме депресивни. Ми се заканија мене и на моето семејство. На сите членови на одборот“, вели Бартомеу.

Поранешниот прв човек на каталонскиот гигант потоа откри дека Барса прифатила да биде дел од европска Суперлига.

„Можам да кажам и една ексклузива. Прифативме и потпишавме се што е потребно за да учествуваме во идната Супер Лига на Европа, тоа ќе ни гарантира економска стабилност. Исто така, денеска го прифативме и новиот формат на Светското клупско првенство“, открива Бартомеу.