Бартомеу призна: Да, Меси може да си замине ако сака!


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Претседателот на Барселона, Жозе Марија Бартомеу потврди дека Лионел Меси може да го напушти клубот една година пред да му заврши договорот.

Меси има договор до јуни 2021 година, но уште во 2020 година може да замине од тимот доколку сака.

„Меси има договор до 2021 година, но има можност да го напушти клубот една година порано ако сака. Исти договори имаа Чави, Пујол и Иниеста. Тоа се фудбалери кои заслужуваат таква слобода, но не треба премногу да се грижиме“, кажа Бартомеу.

Претседателот на Барселона не се грижи премногу во случајот на Меси.

„Го сакаме Меси во клубот до 2021 година, но и потоа“, порача Бартомеу.