Башакшехир испрати моќна порака по скандалот во Париз 📷


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Турскиот гигант Башакшехир испрати порака на социјалните мрежи по скандалот, кој се случи во Париз, откако четвртиот судија беше обвинет дека на расна основа го навредил помошникот тренер Пјер Вебо.

Натпреварот веднаш беше прекинат, а бесно реагираше Демба Ба, кој бараше објаснување зошто четвртиот судија наводно кажал „овој црн човек тука“.

Главниот судија се обиде да ги запре фудбалерите на Башакшехир да го напуштат теренот, но тие беа решителни во својата намера и заминаа во соблекувалната.

Турскиот тим се јави на социјалните мрежи со пораката „Не за расизмот!“.