Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Во врска со дискутабилниот момент на натпреварот меѓу Брера и Башкими, Фудбалската федерација на Македонија искажа став. Натпреварот заврши нерешено, со гол од пенал во последните моменти.
Според ФФМ, деталната анализа открила контакт, но тој не бил доволен за да оправда досудување на најстрога казна. Федерацијата забележала дека главниот судија поради ова добил „негативна оценка“ за својата одлука.
ВАР-судиите, имајќи предвид слабиот интензитет на прекршокот и дека газењето било во рамките на нормалната положба на телото на одбранбениот играч при пад, правилно интервенирале повикувајќи го главниот судија да ја прегледа снимката на терен. Нивната цел била да му го прикажат моментот за да се утврди минималниот интензитет и отсуството на реално влијание од контактот, а со тоа да се овозможи промена на првичната одлука.
Согласно ВАР-протоколот, главниот судија ја носи конечната одлука. Во оваа ситуација, тој не го прифати советот од ВАР и одлучи да остане на првичната одлука за пенал, што претставуваше погрешна проценка на интензитетот и влијанието на газењето.
„Поради ваквата погрешна проценка, главниот судија ќе биде негативно оценет од страна на контролорот на судењето“, велат од ФФМ.