Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
По одигрувањето на натпреварот меѓу Кожуф и Башкими во Гевгелија, кој заврши со победа на Кумановци (2-1) благодарение на голот постигнат во 92. минута, се крена вистинска бура.
Овој дуел имаше клучно значење за амбициите на Башкими за директен премин во Првата македонска лига, но поради сомневања во регуларноста на резултатот, остави горчлив вкус во спортските кругови.
Реакции предизвика начинот на кој играчите на Кожуф делуваа, кои до моментот на постигнувањето на победничкиот гол имаа загарантиран бод. Нивната пасивност и недостаток на вистинска намера да го спречат нападот беа забележани.
„Нашиот клуб, со најголема одговорност информира дека секој натпревар, вклучувајќи го и овој со Кожуф, е чист и заслужено ги освоивме трите бода во нашата борба за пласман во Првата лига“, соопштија од Башкими.
.