Батлер по шпекулациите дека е во врска со Шакира: Таа е интелигентна жена!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Американскиот кошаркар Џими Батлер го кажа своето мислење за пејачката Шакира со која го поврзуваат во изминатиот период.

Светските медиуми пишуваа за љубовна романса меѓу нив двајца, откако беа фотографирани заедно во текот на летото по нејзината разделба со Жерар Пике.

Шакира се пресели во Мајами каде што живее со двете деца, а потоа била забележана и на трибините на екипата за која игра Батлер.

„Таа е неверојатна и интелигентна жена. Но никогаш не знаете што прават луѓето, тие само измислуваат работи. Само затоа што сме пријатели и таа живее во Мајами, а нејзините синови се љубители на кошарка, не значи дека ние двајца се забавуваме“, кажа Батлер.