Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Челси вечерва славеше против Ајакс со 1-0 во мечот од третото коло во групната фаза од Лигата на шампиони.
Во Амстердам вечерва имаше многу возбудувања, а победникот беше решен во самиот финиш. Ајакс погоди во 36. минута, но голот им беше поништен по прегледување на ВАР-снимката.
Челси првпат посериозно се закани во 81. минута, кога Пулишиќ шутираше од работ на казнениот простор, но топката замина покрај голот на домаќините, по што Батшуаи набрзо погоди за 1-0.
Ајакс во моментов е прв со шест бода, колку што има и второпласираниот Челси, додека вториот меч од групата вечерва го играат Лил и Валенсија.
Во вториот меч вечерва Лајпциг славеше со пресврт против Зенит со 2-1.