Бејл чека дозвола за лет во Лондон, неговото заминување од Реал Мадрид поблиску од кога и да е


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Герет Бејл чека дозвола Реал Мадрид да даде зелено светло за тој од главниот град на Шпанија да се упати во Лондон со приватен авион.

Причината за тоа ќе биде за да потпише со неговиот поранешен тим, Тотенхем.

Договорот е во фаза кога неговите адвокати ги средуваат документите, а тоа е бавен процес во овој момент. Двете страни се убедени дека договорот наскоро и официјално ќе биде постигнат.