Бејл џабе се надеваше: Место за него во Реал Мадрид – нема!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Герет Бејл доби шанса во Тотенхем, каде што се пресели на позајмица од Реал Мадрид, но репрезентативецот на Велс се надева дека ќе се врати во Шпанија.

Пред неколку дена кажа дека нема намера да остане во Англија и дека сака да се врати во Мадрид и да докаже дека е квалитетен.

Меѓутоа, „Марка“ објави дека место за Бејл во Мадрид нема да има за сезоната 2021/22, туку тимот со продажбата ќе заштеди 30 милиони евра колку што му должи годишно за плата, па јасно е дека тој ќе остане во Тотенхем или ќе оди на друго место.

Овој 31-годишен фудбалер има договор со Реал до 2022 година и тоа е една од причините поради кои „кралевите“ сакаат да го продадат.