Бејл е веќе „отпишан“, Зидан мудро молчи…?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Герет Бејл вчера понуди уште една разочарувачка партија во дресот на мадридски Реал.

„Лос Бланкоси“ славеа со 2:1 против Ејбар по пресвртот, благодарение на погодоците на Карим Бензема.

Веќе во воведните минути од средбата, навивачите го исвиркуваа Герет Бејл, откако во една ситуација не успеа да го исконтролира пасот од соиграчот.

Исвиркувањата повторно се слушнаа во финишот на средбата, кога Бејл го напушташе теренот.

Под голем знак прашалник е неговата судбина на „Бернабеу“, требаше да стане лидер кога екипата ја напушти Кристијано Роналдо, но тој дефинитивно не успеа тоа да го изведе.

По победата се огласи и Зинедин Зидан, кој не сакаше да ја отпише можноста Бејл да замине од Мадрид по завршувањето на сезоната.

„Ќе видиме. Герет Бејл е играч на мадридски Реал уште две години според договорот“, истакна Зидан, а неговите зборови наведоа многумина да помислат дека Велшанинот ќе ја напушти шпанската престолнина ова лето.

Зборуваше за исвиркувањата од трибините за тренерот на кралскиот клуб.

„Исвиркувањата не не прават среќни, но навивачите дошле да го гледаат тимот како игра добро. Тие знаат дека сезоната е готова. Единствена работа за која играме е да завршиме на втората позиција“, истакна францускиот стратег.

Како што стојат работите, Бејл е блиску до заминување во Мадрид, а се очекува да седне на маса со луѓето од клубот до крајот на неделата, за да преговара за неговата судбина на „Бернабеу“.