Бејл ептен ќе ги налути навивачите на Тотенхем поради неговата желба пред преселбата во Лондон


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Велшкиот репрезентативец Герет Бејл неодамна го засили Тотенхем, но последните вести нема да им се допаднат на навивачите на лондонскиот тим.

Бејл беше отпишан во Мадрид, па поради тоа се врати во Лондон, иако негова желба била да заигра за Манчестер јунајтед, што сигурно ќе ги налути навивачите.

Бејл постојано се поврзуваше со „црвените ѓаволи“, меѓутоа не се пресели во Манчестер затоа што Џејдон Санчо беше прв избор за Оле Гунар Солскјер, иако не успеа ниту него да го ангажира.

Репрезентативецот на Велс се очекува да биде големо засилување за екипата од Лондон, па нема сомнеж дека во продолжение од сезоната почесто ќе го гледаме на теренот.