„Бејл го интересира само Велс и голфот, а не се грижи за Реал Мадрид“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Не е тајна дека Герет Бејл не е среќен во Реал Мадрид, па ќе биде изненадување доколку во јануари остане во шпанскиот клуб.

Бејл минатото лето беше на чекор да замине од „кралскиот клуб“, но сепак остана во Мадрид и доби шанса во првиот тим.

Сепак, Бејл не е во најдобри односи со тренерот Зинедин Зидан, а тоа го коментираше и легендарниот Предраг Мијатовиќ, кој кажа дека Реал не му е на прво место на играчот од Велс.

„Бејл се грижи само за себе. Не го познавам лично, но по тоа што можам да го слушнам, Велс му е приоритет секогаш, а потоа на второ место му е голфот, додека Реал Мадрид доаѓа на крај. Најлошо е тоа што не знаете кога може да сметате на неговите услуги“, вели Мијатовиќ.