Бејл и Рехуилон утре патуваат во Лондон да стават потпис на договор


Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓


Герет Бејл и Серхио Рехуилон утре ќе пристигнат во Лондон каде ќе го комплетираат нивниот трансфер во редовите на Тотенхем.

И двајцата ќе патуваат заедно со приватен авион од Мадрид кој околу пладне треба да пристигне на Островот.

Преговорите се во завршна фаза, но засега се уште не е потпишан никаков договор, но се очекува тоа да се случи веднаш штом играчите пристигнат во Лондон.

31 годишниот Герет Бејл поседува свој приватен авион и веројатно со него утре заедно со Рехуилон ќе летнат кон новата авантура во Премиер лигата.