Бејл на списокот за Рома, Зидан отпиша двајца фудбалери


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Реал Мадрид ја објави листата на фудбалери за пријателскиот меч со Рома, кој вечерва се игра на „Олимпико“ во Рим.

Завршен е преодниот рок во Англија во четврток, а тоа значи дека Герет Бејл ќе остане во Мадрид. Зинедин Зидан ќе смета на неговите услуги, па затоа го повика за дуелот со Рома.

За разлика од Бејл, Зидан не ги повика Хамес Родригез и Мариано Дијаз, кои во моментов се поврзуваат со преселба во италијански клубови.

Серхио Рамос ќе одмара во текот на мечот за да биде подготвен за дуелот во лигата следната сабота.

За мечот против Рома се повикани: Кејлор Навас, Куртоа, Фуидиас, Карвахал, Милитао, Варан, Начо, Марсело и Одриозола, Крос, Модриќ, Касемиро, Валверде, Иско, Азар, Бензема, Бејл, Лукас Васкез, Јовиќ и Винициус Жуниор.