Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Герет Бејл во ексклузивно интервју за „Скај Спортс“ откри дека Реал Мадрид го блокира неговото заминување од клубот.
Бејл посочи дека минатата година веќе бил договорен со еден клуб, но тогаш Реал Мадрид одбил да го пушти да си оди.
„Се обидов да си одам минатата година, но тие одбиваа се до последната секунда. Тоа беше проект за кој јас бев возбуден, но не се материјализираше.
Имаше и други начини на кои се обидувавме за да можам да си одам, но од клубот не дозволуваа. Сакам да играм фудбал, се уште сум мотивиран и останува на клубот да одлучи што ќе прави со мене. Тие контролираат се, она што јас можам да го направам е да продолжам и да се надевам дека нешто ќе излезе.
Ако има опција за враќање во Премиер лигата секако дека ќе ја разгледам. Има доста време во овој трансфер прозорец, но ќе повторам, последниот збор го има Реал мадрид“-изјави Бејл.