Бејл: Подобро Реал да ми плати 51 милион евра или ќе останам овде и три години ќе играм голф


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Велшкиот фудбалер Герет Бејл се наоѓа во тешка ситуација во Реал Мадрид бидејќи на сите им е јасно дека Зинедин Зидан не ги посакува неговите услуги.

Зидан после вчерашниот натпревар против Бетис во последното коло на шпанската Ла Лига изјави дека Бејл сигурно нема да остане во Реал Мадрид и дека на вчерашниот натпревар и да имало повеќе од три измени не би влегол во игра.

Бејл веќе некое време е на мета на „свирежите“ на навивачите на кралскиот клуб кои се надеваат дека Велшанецот ова лето ќе го напушти Реал Мадрид.

Меѓутоа, Бејл после финишот на натпреварот ги шокираше сите со својата изјава и со своите услови кои ги постави како единствена опција за да го напушти Сантијаго Бернабеу.

„Имам уште три години од договорот со Реал Мадрид. Ако сакаат да си заминам ќе мора да ми платат 17 милиони евра по сезона, а ако не сакаат да го платат тој износ ќе останам овде и ќе играм голф во наредните три сезони“, рече Бејл.

Оваа изјава дополнително ги разочара навивачите на Реал чие мислење е дека Бејл не покажа ништо вредно 105 милиони евра колку што беше платен во 2013 година кога дојде од Тотенхем.

Бејл успеа да освои дури четири титули од Лигата на Шампионите, но имаше огромни проблеми со повредите од претходните сезони. Меѓутоа, очигледно е дека не сака да им ја олесни работата на управата на Реал и не сака да си ги „спакува куферите“.