Бејл стигна и сака да освојува трофеи: Се вратив поради – Мурињо!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тоа што на навивачите на Тотенхем им изгледаше како сон на почетокот на преодниот рок, сега се оствари и Герет Бејл пристигна во Лондон.

Бејл играше во Реал Мадрид од 2013 година, а таму пристигна токму од Тотенхем, но сега е среќен што се врати дома.

„Убаво е чувството да се вратиш дома, Тотехем е посебен клуб за мене, во него се прославив. Се надевам дека ќе можам да му помогнам на тимот да освојуваме трофеи. Кога заминував, знаев дека би сакал да се вратам, овде секогаш добро се вклопував. Гладен сум и мотивиран, едвај чекам да заиграм. Мурињо е причина зошто се вратив. Тој е голем победник“, кажа Бејл.