Бејл води „војна“ со Реал: Велшанецот со чуден потег ги налути навивачите (ВИДЕО)


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Реал Мадрид во вторник загуби од ПСЖ со 0-3 на „Паркот на принцовите“, па така шпанскиот гигант повторно ги покажа своите слабости.

Герет Бејл со една нога беше надвор од Мадрид, но сепак остана член на „кралевите“. Велшанецот постигна гол против ПСЖ, но истиот беше поништен, а навивачите ептен му се лутат.

Бејл многу чудно се однесуваше во момент кога Рафаел Варан му даде знаме на клубот за заедничка фотографија, а потоа тој го зема, па му го додаде на Карвахал.

На социјалните мрежи навивачите на Реал жестоко го критикуваа Бејл, но јасно е дека Велшанецот не е задоволен во Мадрид, иако Зинедин Зидан смета дека тоа не е вистина.