Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Репрезентативецот на Велс, Герет Бејл во изјава за сајтот на Тотенхем кажа дека постојат вонземјани и така стана главна тема на Островот.
Бејл секогаш знае да изненади со неговите потези на теренот, но и надвор од него, а доказ за тоа е неговата последна изјава
„Постојат теории на завери, но постојат и снимки од НЛО. Ги објавуваше владата на САД. Дали се лажни? Не, сигурен сум дека постојат, јас лично сум видел неколку такви објекти. Исто така знам дека постојат вонземјани, но некој ги крие. Можеби тоа го прават владите на големите земји, но постојат. Убеден сум во тоа“, кажа Бејл.
Бејл во моментов е во Тотенхем, каде што пристигна како позајмен фудбалер од Реал Мадрид, но засега не е решено каде ќе игра следната сезона.