Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Поранешниот англиски репрезентативец Дејвид Бекам го чека почетокот на Мундијалот во Катар, кој е закажан за период од 21 ноември до 18 декември.
Бекам кажа дека има свој фаворит за освојување на трофејот и ги изненади навивачите со неговиот избор.
„Јас мислам дека Англија има големи шанси за трофејот, ова е вистинска шанса. Ќе бидеме во одлична форма, а ќе имаме конкуренција и од Бразил, Аргентина, Франција, но мислам дека и Данска ќе биде големо изненадување“, вели Бекам.
Англичанецот, исто така, кажа дека е голема предност тоа што Светското првенство (СП) ќе се игра сред сезона бидејќи така фудбалерите ќе бидат во ритам.