Бекам потпиша договор: Ќе се појави во ФИФА21 и ќе „лапне“ 45 милиони евра!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Легендарниот англиски фудбалер Дејвид Бекам потврди дека потпишал тригодишен договор со „ЕА Спортс“ и неговиот лик ќе биде присутен во популарната игра ФИФА21.

Бекам на Инстаграм напиша дека е горд што неговиот лик ќе се наоѓа на играта, а во исто време ќе биде и присутен меѓу фудбалските легенди во играта на ФИФА во следните три години.

Според „Дејли Стар“, Бекам ќе заработи дури 45 милиони евра за оваа соработка со „ЕА Спортс“.

„По 23 години многу сум горд што повторно ќе бидам на насловната страна и се враќам како фудбалска легенда со некој од моите постари соиграчи. Можеби моите синови ќе помислат дека сум возбудлив татко“, кажа Бекам.