Бекер: Ѓоковиќ тоа го фрустрира, а исто така времето му истекува


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Легендарниот германски тенисер Борис Бекер зборуваше за шансите на Новак Ѓоковиќ за освојување на 25-та Грен слем титула.

Истакна дека нема да му биде нималку лесно, што можеше да се види на Ролан Гарос, но и на Вимблдон.

„Тоа е сега големо прашање, бидејќи за да освои Грен слем, веројатно мора да ги победи и двајцата (Алкарас и Синер). Така беше на Вимблдон, а рече дека Вимблдон е турнирот на кој има најголеми шанси. За потсетување, седум пати го има освојувано. Сега стигна до полуфинале, 14-ти пат. Апсурдно, луда бројка“, рече Бекер.

Новак во полуфиналето на Вимблдон глатко загуби од Синер.

„Беше релативно подготвен против Синер. Синер беше подобар играч, за мене е тој Ѓоковиќ 2.0. Втора верзија на Ѓоковиќ, 15 години помлад. Новак го знае тоа“, вели Германецот.

Фото: Принтскрин