ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition* ↓↓↓
Борис Бекер, легендарен шампион на Вимблдон и поранешен тренер на Новак Ѓоковиќ, откри како му помогнал на Србинот да го промени односот со публиката и да ги надмине најголемите предизвици на лондонската трева.
Борис Бекер, најмладиот шампион во историјата на Вимблдон и една од најголемите легенди на тој турнир, го пренесе своето искуство на Новак Ѓоковиќ во моментот кога тоа му беше најпотребно.
Кога кон крајот на 2013 година ја презеде тренерската улога во тимот на Ѓоковиќ, српскиот тенисер зад себе имаше само една титула во Лондон (2011), но и неколку болни порази.
Во полуфиналето во 2012 година Роџер Федерер славеше речиси рутински, додека 2013 година Енди Мареј во финалето ја зеде титулата без загубен сет, иако Ѓоковиќ имаше многу шанси. Слично сценарио се виде и на Олимписките игри во Лондон, кога Мареј го елиминираше во полуфиналето, а Хуан Мартин дел Потро го победи во борбата за бронза.
„Роџер беше најголемиот непријател на Новак на Вимблдон од две причини. Прво, затоа што знаеше да игра на трева, а второ, затоа што публиката го обожаваше. Морав да му објаснам на Ѓоковиќ дека луѓето на трибините не се против него туку се за Федерер и да не го зема тоа премногу при срце, туку да најде начин тие луѓе да го засакаат и него“.