Бекер: Покана од најдобриот на сите времиња не се одбива


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Соработката меѓу Новак Ѓоковиќ и Енди Мари ги изненади сите, а Енди Касл, некогашниот број 1 на Велика Британија, признава дека и за него тоа било исто.

Изненадувачки беше и тоа што Мари само неколку месеци претходно беше активен тенисер. Од друга страна, можеби баш поради тоа Ѓоковиќ се одлучи за него, бидејќи од прва рака знаеше како играат неговите најголеми ривали, затоа што се среќаваше со нив. За објаснување зошто тоа се случи, Касл се обрати до еден поранешен тренер на Новак.

– Го прашав Борис Бекер и тој ми кажа дека е голема чест да се работи со најдобриот на сите времиња. Затоа тоа беше феноменално за Енди. Тек што стана тренер и веднаш работеше со најдобриот во историјата. Многу интересно.

Фото: Принтскрин