Бекер со порака до Ѓоковиќ: Имаш 38 години, можеби е време за пензија


Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Познатиот германски тенисер и поранешен тренер на Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер, изрази свој став за настапот на српскиот тенисер на Ролан Гарос, посочувајќи дека чувствува како неговата кариера полека се приближува до крајот.

Бекер смета дека Ѓоковиќ не ја покажал таа игра што порано му носеше симпатии од публиката и многубројни трофеи, што пак отвора дилеми за неговата иднина на професионалната сцена.

„Сите сме свесни дека Новак сè уште има голема амбиција – да ја освои 25. Гренд слем титула и да испише нова страница во историјата на тенисот. Но, сведоци сме дека реализацијата на таа цел станува се потешка. Возраста е нешто што не можеме да го игнорираме – има 38 години, телото веќе не се однесува како претходно, а младите и посилни тенисери стануваат сè позастапени. Можеби е време за пензија“, рече Бекер.

Фото: Принтскрин