Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Химназија Ла Плата го одиграа првиот меч без нивниот тренер Диего Армандо Марадона, кој почина на 25 ноември од срцев удар во неговиот дом.
Немаше голови на натпреварот против Хуракан, а натпреварувањето веќе го доби името „Копа Диего Марадона“ и во групата 6, Химназија не смееше да си дозволи пораз од лидерот.
Беше тоа тешка задача од 244. минута, кога Парадела доби црвен картон, но и во Хуракан потоа беше исклучен Мерола.
Пред натпреварот, клубот приреди церемонија за збогување. На натпреварот присуствуваа и ќерките Далма и Џанина, кои добија дрес, по што емотивно заплакаа.
Играчите и судиите пред натпреварот одржаа едноминутно молчење, со бела роза во рацете, а столот на Диего беше на центарот на теренот.