Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Главниот град на Србија за три дена од Евролигата заработи околу 30 милиони евра затоа што Белград го посетија 20.000 странски навивачи.
Титулата ја освои Анадолу Ефес, односно ја одбрани круната од лани, а заменик градоначалникот на Белград, Горан Весиќ објави дека српската престолнина заработила 30 милиони евра.
Голем дел од навивачите беа од Грција, односно поддржувачи на Олимпијакос, додека имаше фанови и на останатите клубови кои учествуваа на завршниот турнир во европското кошаркарско натпреварување.
Ефес славеше во финалето против Реал Мадрид со 58-57, додека Барселона го освои третото место со победата против Олимпијакос.