Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид ѝ покажа на Жирона кој е главен во Ла Лига и со победата од 4-0 направи чекор напред кон титулата во шпанскиот шампионат.
Винисиус Жуниор по само шест минути ја затресе мрежата на Жирона, додека водството го зголеми Џуд Белингам во 35. минута од натпреварот.
Белингам беше стрелец и на третиот гол на „кралевите“ во 54. минута, а победата ја запечати Родриго (4-0).
Реал Мадрид има 61 бод на врвот на Ла Лига, по што следи Жирона со 56 бодови, додека Белингам е најдобар стрелец во лигата со 16 голови и три асистенции.