Белингам: Ќе учам од Крос и Модриќ за да станам најдобар


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот репрезентативец Џуд Белингам потпиша договор со Реал Мадрид, а притоа кажа дека ќе учи од поискусните фудбалери во шпанскиот гигант.

Модриќ, кој ќе наполни 38 години во септември, ќе остане уште една сезона во Мадрид, а друштво ќе му прави и 33-годишниот Тони Крос и тоа е идеална шанса за Белингам да научи нешто од нив.

„Тоа е од големо значење за мојата кариера. Начинот на кој играат, нивното искуство и визија. Ќе биде добро за мене. Во првите две недели нема да се одделам од нив, се надевам дека нема да им пречи“, кажа Белингам.