Белингам му се развика на Винисиус, Анчелоти смирува по победата (Видео)


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Реал Мадрид славеше против Селта со 2-1, а во финишот на првото полувреме Џуд Белингам му се развика на Винисиус Жуниор поради една акција.

Англичанецот му замери на неговиот колега за лошиот потег, а тренерот Карло Анчелоти даде краток коментар за ситуацијата, иако тврдеше дека не забележал такво нешто на теренот.

„Треба да ја погледнам акцијата за која зборувате, но ако направил такво нешто, тогаш има ма*иња. По натпреварот видов како разговараат и се смееја, нема никаков проблем меѓу нив“, кажа Анчелоти.

„Кралевите“ со победата против Селта стигнаа до 24 бодови и се израмнија со лидерот Барселона во Ла Лига.