Белингам откри каков ритуал има пред секој натпревар (Видео)


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Англискиот репрезентативец Џуд Белингам стана најголема ѕвезда на Реал Мадрид по само 10 настапи, откако постигна 10 гола и три асистенции.

Веднаш почнаа споредбите меѓу Белингам и Кристијано Роналдо, а новинарите ги интересираше и каков ритуал има Англичанецот пред натпреварите.

Белингам им откри дека излегува на теренот многу порано од останатите и останува подолго од сите други.

„Излегувам на теренот најрано што можам и се обидувам да направам визија како ќе изгледа натпреварот. Го гледам теренот и стадионот, каде би се движел. Ова го правам од почетокот на мојата кариера. Се обидува да внесам внатрешен мир“, кажа Белингам.