Белингам открил дека сака да го облече дресот на Реал Мадрид


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Англискиот репрезентативец Џуд Белингам привлече голем интерес на европските гиганти, а Хари Реднап открива дека младиот фудбалер сака да го облече дресот на Реал Мадрид.

Белингам би можел да замине од Борусија Дортмунд, но само за сума од 150 милиони евра, колку што ќе треба да платат „кралевите“ ако го сакаат неговиот потпис.

„Слушнав дека сака да оди во Реал Мадрид. Дознав дека му одговара трансфер во Шпанија, откако Ливерпул отпадна од трката“, вели Реднап.