Белингам поради глупав потег ќе добие суспензија!? (Видео)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Англискиот репрезенативец и херој од мечот со Словачка, Џуд Белингам би можел да добие суспензија од еден натпревар.

Белингам постигна прекрасен гол со „ножички“ против Словачка и ја спаси Англија од срамен пораз, но при прославата направи срамен потег.

Ѕвездата на Реал Мадрид им го покажа меѓуножјето на навивачите, по што кажа дека било шега со соиграчите, но тоа нема да го спаси од истрага.

Истрагата треба да утврди дали неговиот гест бил наменет кон Словаците, а доколку се потврди такво нешто, тогаш Белингам ќе одмара на мечот против Швајцарија во четвртфиналето.