Белингам предвреме го заврши тренингот пред дербито со Атлетико


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Џуд Белингам е најдобар фудбалер на Реал Мадрид оваа сезона, но вчера предвреме го заврши тренингот и тоа го вклучи алармот во поранешниот шпански и европски шампион.

Англискиот репрезентативец поради болки во стомакот не можел да го продолжи тренингот и наскоро медицинската екипа треба да соопшти дали ќе игра против Атлетико.

Според првите шпекулации, Белингам треба да го видиме во првиот состав на Реал Мадрид во градското дерби.

На последните шест натпревари Белингам постигна шест гола и донесе бодови во првенството, но и Лигата на шампионите кога беше стрелец на единствениот гол против Унион Берлин.