Белингам: Се гледам во Реал Мадрид во следните 10-15 години!


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Англискиот репрезентативец Џуд Белингам стана главна ѕвезда на Реал Мадрид по само неколку натпревари.

Тренерот Карло Анчелоти реши да му верува и да му даде офанзивна улога на Белингам, кој постигна 10 гола на 10 натпревари и ги воодушеви навивачите.

Бензема не размислува за заминување од Мадрид во следните 10-15 години и тоа дополнително ги израдува поддржувачите на „кралскиот клуб“.

„Навистина уживам во тимот. Луѓето во клубот ми даваат слобода. По големиот трансфер морам да ги оправдам очекувањата. Реал Мадрид е клуб во кој се гледам во следните 10-15 години“, кажа Белингам.