Белингам урна уште еден рекорд во Реал Мадрид


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Англискиот репрезентативец Џуд Белингам е главна ѕвезда на Реал Мадрид во моментов и продолжува да ги воодушевува навивачите на шпанскиот клуб.

Белингам се запиша во листата на стрелци и синоќа, кога Реал Мадрид славеше со 2-1 проив Брага, а тоа е 11. гол во 12 натпревари за Англичанецот.

Младиот фудбалер стана првиот играч на „кралевите“ кој постигнал барем по еден гол во своите први три натпревари во Лигата на шампиони.

„Кралевите“ имаат три победи и со една нога се пласирани во нокаут-фазата на елитното европско натпреварување.