Белите дробови ѝ откажаа на НБА-ѕвезда


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Кошаркарот на Њу Орлеанс, Си Џеј Мекколум се наоѓа во големи проблеми откако беше потврдено дека му откажале белите дробови.

Управата на клубот соопшти дека еден од најдобрите кошаркари на тимот има проблеми со десното белодробно крило и мора да паузира од терените.

Дополнителните тестови треба да утврдат колку е сериозен проблемот со кој се соочува НБА-ѕвездата, која и во 2021 година имаше долга пауза поради идентична ситуација.

Мекколум во таа сезона пропушти 18 натпревари, но успеа да се врати на теренот, а останува да видиме дали истото ќе се случи и сега.

Кошаркарот на Њу Орлеанс оваа сезона во просек постигнува по 21,7 поени, 5,7 асистенции и 4,8 скокови.