Бенфика гради моќен тим – тргна по потпис на фудбалер од Тотенхем!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Белгискиот дефанзивец Јан Вертонген пронајде нов клуб. Искусниот стопер кариерата ќе ја продолжи во дресот на Бенфика.

Медиумите пишуваат дека клубот од Лисабон ќе потпише тригодишен договор со Вертонген, кој доаѓа на медицински прегледи.

Вертонген е без клуб, откако неодамна се раздели со Тотенхем со кој не можеше да се договори за нова соработка.

Освен за Тотенхем, Вертонген играше и за Ајакс, а токму клубот од Холандија беше еден од опциите за продолжување на неговата кариера.