Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рафаел Бенитез го напушти Њукасл јунајтед, па ја продолжи кариерата во кинески Далијан Јифанг, како што беше најавено уште вчера.
„По многу време почнувам нов предизвик. Среќен сум што сум дел од новиот проект во Далијан Јифан“, кажа 59-годишниот Бенитез.
Бенитез во кариерата ги предводеше Валенсија, Ливерпул, Реал Мадрид, Интер, Наполи и Челси, а најголем успех му беше освоената Лига на шампиони со „црвените“.
Минатата сезона со Њукасл го освои 13. место во Премиерлигат,а но не го продолжи договорот со англискиот клуб.
„Стана јасно дека не ја делиме истата визија. Сакав да останам, но не сакав да го продолжам само договорот, туку сакав да бидам дел од проектот“, кажа Бенитез.