Бенитез за времето поминато во Мадрид: Фудбалерите ме саботираа, немав поддршка од Реал!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рафаел Бенитез во минатото беше тренер на Реал Мадрид, но не се прослави и си замина од тренерската клупа на шпанскиот гигант.

Шпанецот во разговор за „Кадена Сер“ кажа дека немал поддршка од раководството на Реал Мадрид, а исто така фудбалерите го саботирале.

„Кога пристигнав во Мадрид, Анчелоти само што си замина и тој имаше добар однос со фудбалерите. Амбиентот беше ужасен, си заминаа Касилјас, Навас, а Бензема беше уапсен. Проблемот е кога мора да се соочите со незгодни фудбалери, кои одат по медиуми и кажуваат приказни. Тоа што е познато во јавност е една работа, додека вистината е сосема друга“, вели Бенитез.