Бензема добива голема конкуренција: Реал Мадрид е заинтересиран за германска гол-машина


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема игра многу добро сезонава во дресот на шпанскиот гигант, но и покрај тоа управата на клубот планира да му донесе конкуренција, зашто не е задоволна од Лука Јовиќ.

Јовиќ беше платен 60 милиони евра минатото лето, но Србинот не го покажа тоа што го очекуваа сите од него, па поради тоа претседателот Флорентино Перез сака да го купи Тимо Вернер од Лајпциг.

Германскиот напаѓач игра фантастично и сезонава, па постигна 23 голови и 10 асистенци во 25 меча во сите натпреварувања, а со Лајпциг има договор до 2023 година, што значи дека „кралевите“ сигурно ќе мора да испратат голема понуда за неговиот потпис.