Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Босанскиот репрезентативец Един Џеко најверојатно ги минува последните денови во екипата на Рома, откако се скара со тренерот Паоло Фонсека.
Италијанските медиуми пишуваат за преселба на Џеко во Интер, Милан, Јувентус, но сега во конкуренција се вклучи и Реал Мадрид.
„Кралевите“ планираат во Рома да го понудат Мариано Диаз и одредена сума на пари за Џеко, а според нив тоа е прифатлива сума за екипата од Рим.
„Кориере дело спорт“ објави дека Интер нема намера да го испрати Кристијан Ериксен во замена за Џеко, како што претходно се шпекулираше.
Во позадина чека и Јувентус, па ќе биде интересно до крајот на јануари за тоа каква судбина го очекува капитенот на БиХ.