Бензема договори сензационален трансфер, го блокираше – Кристијано Роналдо?!


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Карим Бензема и Кристијано Роналдо се главните теми во Саудиска Арабија, а двајцата на некој начин “заратија”, но не меѓусебе, туку со нивните клубови.

Карим Бензема влезе во последните шест месеци од договорот, очекуваше понуда за обновување на соработката, но Ал Итихад му порача дека ќе добие пари само од правата на имиџ, без фиксна плата која досега изнесувала дури 100.000.000 евра годишно. Бензема на крајот порача дека сака да си замине, а се појави опција да замине во Ал Хилал, дури ги договори и сите лични услови, но сега настана нов пресврт.

Кристијано Роналдо исто така беше во штрајк, незадоволен од фактот што Ал Наср не се засилил во борбата за титулата, која сè уште не ја освоил. Роналдо наводно смета дека дозволувањето на трансферот на Бензема би ја нарушило конкуренцијата во лигата, односно дека Ал Хилал повторно би бил шампион. 

Роналдо одби да игра на денешниот натпревар против Ал Ријад, кој е закажан за 16:15 часот, се шпекулира дека дури размислува и за заминување, но за сега тоа се само гласини.