Бензема долго ќе го памети дербитo против Атлетико Мадрид 📷


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Карим Бензема можеби вчера не постигна гол во важниот триумф од 2-0 против Атлетико Мадрид, но се запиша во историјата затоа што вчера влезе во специјално друштво на Реал Мадрид.

Победничките голови ги постигнаа Дани Карвахал и Касемиро, а добар натпревар имаше и Тибу Куртоа, кој одбрани неколку одлични шанси на градскиот ривал.

Бензема на вечната листа вчера го мина Роберто Карлос по број на настапи за „кралскиот клуб“, откако го одигра 528. меч за Реал Мадрид, па така зад него остана Бразилецот со еден настап помалку.

Реал Мадрид со вчерашната победа му се приближи на Атлетико на само три бодови на табелата.