„Бензема е Спајдермен, Волверин, претседател на Америка – Бог!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот голман на Реал Мадрид, Икер Касиљас беше воодушевен од настапот на францускиот напаѓач Карим Бензема, кој постигна хет-трик против Челси.

Реал Мадрид славеше со 3-1 во првиот четвртфинален меч во Лигата на шампиони (ЛШ) во Лондон, а главен јунак беше Бензема.

Касиљас испрати одлична порака преку социјалните мрежи за успехот на Бензема, па стана вистински хит на интернет.

„К9 е Спајдермен, К9 е Волверин. К9 е портир во вашата зграда. К9 е ваш најдобар пријател. К9 е вашата баба. К9 е претседател на Америка. К9 е ваш ангел чувар. К9 е Бог!“, напиша Касиљас.