Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Францускиот напаѓач Карим Бензема нема да игра на Мундијалот во Катар, иако долго време внимаваше да не се повреди, но сепак на тренингот со репрезентацијата се пожали на болка во ногата.
Деталните прегледи покажаа дека го скинал квадрицепсот, па поради тоа нема да настапи за Франција на Мундијалот, откако вчера тоа го потврди француската репрезентација.
Ова дефинитивно е големо разочарување за освојувачот на „Златната топка“, кој испрати порака преку социјалните мрежи.
„Во животот никогаш не сум се откажал, но морам да мислам на тимот вечерва. Морам да го отстапам моето место на некој кој може да му помогне на тимот“, напиша Бензема.