Бензема ја отвори душата и се обиде да им објасни на навивачите: Не треба така да ги гледате фудбалерите…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема привлече внимание со одличната голгетерска сезона, но имаше и лоши натпревари на кои беше стрелец.

Искусниот напаѓач во интервју за „Франс Фудбал“ оцени дека луѓето премногу ја гледаат статистиката.

„Освен статистиката во вид на постигнати голови, не гледам што се промени кај мене. Останав истиот фудбалер. Не се трудиме да гледаме што прави фудбалерот на терен, туку забележуваме дали е добар ако даде гол. Не играм добро, постигнувам гол и сите мислат дека сум најдобар“, вели Бензема.

Францускиот напаѓач даде и позитивен коментар за неговиот колега Винисиус Жуниор.

„Знам дека имам заслуги за неговиот развој. Можете да го прашате, зашто тој не е ист фудбалер. Веќе долго време игра на ниво на кое се очекува од него и не може ништо да му кажете“, кажа Французинот.