Бензема ја расплака Севиља: Реал Мадрид се разбуди и славеше во Андалузија (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Севиља беше на добар пат да освои три бодови против Реал Мадрид, но нивниот сон се урна во второто полувреме, кога гостите стигнаа до пресврт (3-2).

Иван Ракитиќ од слободен удар го матираше Тибо Куртоа, по што во листата на стрелци се запиша и Ерик Ламела за предност од 2-0 на Севиља.

Реал Мадрид се разбуди во второто полувреме, кога Родриго намали на 1-2, а потоа на Винисиус Жуниор му беше поништен гол поради игра со рака.

Фернандез погоди во 83. минута за 2-2, по што Карим Бензема го комплетираше хет-трикот во 92. минута.